Докторот Дервиш Хаси (42), деновиве го напушти затворот, каде беше од јануари, откако Обвинителството на Албанија не успеа да ги докаже наводите за трговија со малолетници, педофилија и дистрибуција на порнографски содржини.
Според обвинението, 42-годишниот хирург имал секс во група и креирал порно видео. Од запленувањето на мобилниот уред, полицијата открила дека петте лица отвориле чет група, каде што разменувале пораки и видеа што заедно ги снимале.
Д-р Хаси е обвинет во случајот со 16-годишно девојче, со кое во време кога ја почнал врската, имала 14 години. Девојчето веќе 2 години доаѓала во неговиот стан, каде што поминувала по 2-3 дена. Тој пред истрагата изјавил дека е верник и дека има уште три сопруги. На малолетничката и’ ветил дека ќе стане негова четврта сопруга.
Дервиш Хаси пред истрагата тврдел дека секоја врска што ја почнал била консензуална, бидејќи сите меѓусебно се сметале дека се во брак со него.
Дервиш Хаси е кардиохирург во Универзитетската болница „Шефќет Ндроќи“ од 2021 година, каде ја сретнал малолетничката, додека нејзината мајка чекала операција. Интервенцијата ја извршил токму кардиохирургот Хаси.
Членовите на семејството на сега 16-годишната девојка, која имала сексуални односи со лекарот, изјавиле дека биле против врската меѓу нив, иако не можеле да ја одвојат од докторот. Малолетничката им кажала на истражителите дека не била принудена од него и дека тоа е нејзин слободен избор.
Во сведочењето дадено пред истражителите, малолетничката ја признала врската со лекарот и рекла дека сексуалните односи се вршеле со нејзина согласност во неговиот стан, откако таа наполнила 16 години.
Девојчето тврди дека го запознала докторот на 14 години, почнале да комуницираат и се вљубиле. Таа додава дека се омажила за докторот пред оџа по документ наречен НИКАХ. Таа изјавила дека е муслиманска верничка, а нејзината религија дозволува мажот да има неколку жени.
Докторот Дервиш Хаси има 7 деца со неговите 3 други сопруги. Има три деца со првата сопруга, со која е во единствениот легален брак веќе 20 години. Две девојчиња речиси на иста возраст како малолетничката, која сексуално ја експлоатирал две години, како и едно постаро момче. Со другите две жени има 2 деца.