Украинската воена разузнавачка служба: Северна Кореја и испорача на Русија два милиони гранати

од Milan1
34 прегледи

Украинската воена разузнавачка служба (ХУР) објави дека Северна Кореја и испорачала на Русија повеќе од 100 балистички ракети со краток дострел и пет милиони гранати.

Исто така, според извештајот на ХУР, Пјонгјанг почнал да испраќа артилериски системи во Русија од минатиот месец, објави „Киев Индипендент“.

Според ХУР, Северна Кореја досега испорачала повеќе од 100 различни парчиња воена опрема, вклучувајќи артилериски системи М-1989 од 170 милиметри и ракетни фрлачи М-1991 од 240 милиметри.

Исто така, Северна Кореја продолжува да ја снабдува Русија со артилериска муниција од голем калибар и балистички ракети со краток дострел од типот Кн-23/24.

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов денеска пристигна во официјална посета на Пјонгјанг, во време кога воената соработка меѓу двете земји се продлабочува, посочува порталот.

Оваа посета уследи по посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја во јуни, каде Москва и Пјонгјанг ја официјализираа својата воена и економска соработка.

Исто така, според Украина, Северна Кореја испратила повеќе од 10.000 војници да и помогнат на Русија во војната, а првите судири со украинските сили биле забележани во областа Курск.

Слични содржини