Болтон: Трамп не му верува на НАТО

од Milan1
13 прегледи

Поранешниот советник за национална безбедност во претходниот мандат на Доналд Трамп, Џон Болтон, предупреди дека заканата на Трамп за повлекување на САД од НАТО треба да се сфати „многу сериозно“.

Болтон за „Скај Нјуз“ изјави дека Трамп „не му верува“ на НАТО и не го разбира принципот на одбранбена алијанса.

„Тој во основа верува дека ја браниме Европа и дека не добиваме ништо за возврат. Тие не плаќаат ништо. Што добиваме од тоа? Тоа е истиот став што тој го има кон нашите сојузи со Јужна Кореја и Јапонија. Затоа сум многу загрижен“, рече тој.

„Сега Европејците и многу други велат: „Но, блиску сме да потрошиме 2% од нашиот БДП за одбрана“ што, патем, беше ветено пред десет години на самитот на НАТО и што многумина сè уште не го постигнале. Мислам дека САД ќе мора да го зголемат буџетот за одбрана на нешто блиску до нивоата од времето на Реган (4-5%). Тоа значи дека Европа ќе мора да го зголеми буџетот на 3 отсто“, изјави Болтон.

Болтон делумно се согласи со тврдењето дека немало „големи војни“ за време на првиот мандат на Трамп, иако рече дека Трамп „погрешно се справил“ со војната во Авганистан со тоа што направил договор со талибанците.

„Трамп претерува. Тој ја кажува вистината во смисла дека бевме во помирен период во историјата, но сега гледаме што може да се случи, делумно поради слабоста што Бајден ја покажа со повлекувањето од Авганистан и неговата неспособност да се обиде да го одврати Русите пред да ја нападнат Украина“, изјави Болтон.

Слични содржини