Обвинителство во Приштина: 10 лица уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток, две лица се во притвор

од Milan1
17 прегледи

Обвинителството во Приштина денеска соопшти дека во врска со нападот на каналот Ибар-Лепенац кај Зубин Поток се приведени 10 лица, а две лица сe задржани во притвор.

– Тие се осомничени за наводно „загрозување на уставниот поредок со уништување или оштетување јавни инсталации и опрема“, „сторување терористички акт“ и „неовластено поседување оружје“, пренесува Економија онлајн.

Како што е наведено, Србинот Д.В., добил еден месец притвор, а Д.В. е пуштен на слобода.

Слични содржини