9
Сиријците денес се надеваат на иднина по 13 години граѓанска војна во земјата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu.
„Луѓето по многу години повторно се среќни на улиците на Алепо, Хомс и Дамаск. По 13 години, нашите сириски браќа чекорат во иднината со надеж“, рече Реџеп Таип Ердоган на конгресот на неговата Партија на правдата и развојот (АК) во источната провинција Ерзурум.
Башар ал Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск, ставајќи крај на режимот на партијата Баас кој владееше со Сирија од 1963 година.