Пронајдени околу 5500 парчиња пиротехника во Куманово

од Milan1
5 прегледи

– На 16.12.2024 во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово.

При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства, информираат од МВР.

С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини