Дал 34.000 евра за имот а не добил ништо, измамен жител на тетовско

од Milan1
84 прегледи

Вчера во полициска станица во Тетово 56-годишен жител на тетовско село пријавил дека во текот на 2021 година бил измамен од Х.С. при купување на недвижен имот на местото наречено Шипковичко Теќе, сопственост на Ш.И.(79) од с.Шипковица, Тетовско.

„Според пријавеното, тие усно се договориле да купат по половина од парцела која наводно чинела 74.000 евра, по што му дал 34.000 евра за неговиот дел и заминал во странство. Како што е пријавено, по еден месец, тој телефонски бил известен дека сѐ е средено и платено, а откако се вратил во државата Х.С. не му дал никакви документи, со образложение дека сѐ било платено на рака. Исто така, според пријавеното, пријавителот во имотен лист забележал дека купопродажниот договор бил склучен на 20.09.2021 меѓу сопственикот на земјиштето и Х.С. за износ од 3.000 евра. Потоа, според пријавата, тие на нотар се договориле Х.С. да му ги врати парите и да му подари дел од парцелата што сега му припаѓа нему, но тој ниту му ги вратил парите, ниту му го префрлил неговиот дел од парцелата“, велат од МВР.