20
Најмалку 22 лица загинаа денеска во Бразил во судир на камион и автобус кој се запали, соопштија локалните пожарникари.
Во автобус со 45 патници пукнала гумата по што возачот изгубил контрола над возилото и се судрил со камион што доаѓал на автопатот кај градот Теофило Отонио, во провинцијата Минас Жераис.
Пожарникарите соопштија дека од уништениот автобус спасиле 13 патници.
„Пожарникарите извлекоа 22 тела од автобусот, а треба да извлечат и други жртви“, изјави пожарникар Алонсо Виеира Јуниор. Тој додаде дека е потребен кран за да се извлечат преостанатите жртви од другиот дел на автобусот, пренесува „Ројтерс“.