Израелскиот министер за одбрана: Ги извадивме забите на змијата и ако Хезболах не се повлече ќе и ја скршиме и главата

од Milan1
28 прегледи

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави денеска, за време на посетата на израелската воена позиција во јужен Либан, дека ќе ја „скрши главата на Хезболах“ доколку милитантната група го прекрши договорот за прекин на огнот, соопшти неговата канцеларија.

„Ги извадивме забите на змијата и ако Хезболах не се повлече подалеку од реката Литани и се обиде да го прекрши примирјето, ќе и ја скршиме главата“, рече Кац, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој нагласи дека Израел „нема да дозволи оперативците на Хезболах да се вратат во селата на југот на Либан и повторно да воспостават терористичка инфраструктура што ќе претставува закана“ за населбите на север.

„Ќе обезбедиме отстранување на заканата и враќање на безбедноста за да им овозможиме на жителите на северот безбедно да се вратат во своите домови“, додаде Кац, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини