51
– На 22.12.2024 во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.С.(31) од с.Батинци, скопско, и Д.Н.(33) од Скопје, затоа што околу 11.00 часот, по претходно случена сообраќајна несреќа, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С. и Е.Б.(28) од с.Батинци од една страна и Д.Н. од друга страна, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.