Бунтовниците во Сирија се приклучуваат на Министерството за одбрана

од Milan1
32 прегледи

Новиот сириски лидер Ахмед ал Шар денеска постигна договор со водачите на бунтовничките фракции за нивно распуштање и инкорпорирање во Министерството за одбрана, се вели во соопштението на новата администрација во Дамаск.

Премиерот Мохамед ал-Башир минатата недела изјави дека Министерството за одбрана ќе биде реструктуирано и ќе биде составено од поранешни бунтовнички фракции и офицери кои пребегнале од армијата на Башар ал Асад.

Според „Ројтерс“, главната задача на Ал Шар ќе биде да се обиде да избегне конфликти меѓу овие групи.

Новата сириска администрација го назначи Мурхаф Абу Касра, водечка фигура во бунтот со кој беше соборен претседателот Башар ал Асад, за министер за одбрана во преодната влада.

Сириските бунтовници ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на повеќе од 13 години граѓанска војна, а Ал Асад побегна во Русија со своето семејство.

Слични содржини