10
– На 22.01.2025 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Д.(69) од село Клечовце, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека претходно во село Клечовце со остар предмет го нападнал Д.Ј.(33) од истото село и му нанел убодна рана, информираат од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.