Европска комисија: Загрижени сме поради инцидентите против демонстрантите во Србија и очекуваме брза истрага

од Milan1
15 прегледи

„Загрижени сме поради инцидентите против демонстрантите во Србија и очекуваме брза истрага од српските власти“, изјави портпаролот на Европската комисија на прес-конференција како одговор на прашање.

Властите мора да ги заштитат демонстрантите од напади на други групи, додаде тој. Слободата на собирање е основно право, граѓанското учество има витална улога во општествениот развој, додаде портпаролот.

Според него, ЕУ очекува сите земји кои сакаат да се приклучат да ги применат овие правила. Портпаролот посочи дека ширењето на дезинформации и непријателски изјави, вклучително и против ЕУ, ја оттргнуваат Србија од европскиот пат.

Слични содржини