19
Полицијата во Сиднеј открила автомобил наполнет со експлозиви, придружен со белешка што навестува дека возилото можеби било наменето за напад врз еврејска синагога, пренесуваат австралиските медиуми.
Според полициските извештаи, возилото било пронајдено пред девет дена, но информацијата дури сега е обелоденета. Истражителите го третираат случајот како сериозна терористичка закана, објави „Тајмс оф Израел“.
Засега, осомничени за случајот не се идентификувани, а истрагата продолжува.