Само едно лице ја преживеало авионската несреќа во Јужен Судан

од Aneta Risteska
48 прегледи

Бројот на загинатите во авионската несреќа во Јужен Судан, достигна 20 лица. Преживеа само едно лице, пренесе Ројтерс.

Меѓу загинатите има двајца кинески државјани и еден од Индија.

Авионот полетал од областа на нафтено поле во северната држава Унити за главниот град Џуба. Се урнал веднаш по полетувањето.

Патниците биле работници на нафтена компанија, конзорциум кој ги вклучува Кинеската национална нафтена корпорација и државната корпорација Нил Петролеум.

Photo: Freepik

Слични содржини