Уапсен е 21-годишник кандидат за возачки испит, му се заканувал на претседателот на комисијата

од Milan1
59 прегледи

Полицијата во Велес вчера во 10:10 часот, го уапсиле 21-годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, соопшти МВР.

„Полицајците постапувале по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, му се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар“, велат од полицијата.

Како што попладнево информираат од СВР Велес, А.К. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини