Измамени повозрасни кумановец и кумановка, ги излажале дека нивните деца направиле сообраќајка

од Milan1
12 прегледи

– На 30.01.2025 во 16.00 часот во СВР Куманово, 66 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2500 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикало сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не одговара кривично. Како што е пријавено, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена односно дека нема никаква сообраќајна незгода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

На 30.01.2025 во 17.00 часот во СВР Куманово, 83 – годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 100.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник му кажало дека неговите син и снаа предизвикале сообраќајна незгода во која прегазиле дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не одговараат кривично. Како што е пријавено, тој ги однел парите на договореното место, а подоцна се слушнал со неовиот син и сфатил дека е измамен односно дека нема никаква сообраќајна незгода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Слични содржини