(ВИДЕО) Експлозии и прекини на струја: Украински дронови ги парализираат руските градови, аеродромите затворени

од Илинка Илиоска
32 прегледи

Во текот на ноќта Украина со беспилотни летала ги нападна енергетските и нафтените капацитети во руските региони Астрахан и Волгоград. Руското Министерство за одбрана тврди дека нејзината војска пресретнала и уништила дури 70 украински беспилотни летала.

Гувернерот на регионот Астрахан, Игор Бабушкин, изјави дека украинската војска таргетирала енергетска инфраструктура во неговиот регион. „Еден од дронови предизвика пожар откако падна, но за среќа немаше жртви“, напиша тој. Иако не ја прецизираше точната локација на нападот, Телеграмскиот канал База, кој е поврзан со руските безбедносни служби, објави дека е погодена фабрика за преработка на гас во близина на Астрахан.

Покрај тоа, руската Федерална агенција за воздушен транспорт привремено ги прекина летовите на аеродромите во Астрахан, Казан, Нижнекамск, Саратов, Уљановск, Владикавказ, Грозни и Махачкала.

Слични ограничувања беа воведени и на аеродромот во Волгоград, каде беа пријавени експлозии во нафтена рафинерија, а дел од градот остана без струја.

Слични содржини