Лидерот на грузиската опозиција Ника Мелија е пуштен на слобода

од Aneta Risteska
5 прегледи

Лидерот на грузиската опозиција Ника Мелија е ослободен откако полицијата го уапси заедно со повеќе од 30 лица за учество во блокада на автопат во близина на грузискиот главен град Тбилиси, за време на протестите со барање за нови парламентарни избори. Мелиа, лидер на најголемата опозициска партија во Грузија, Коалицијата за промени, рече дека полицијата употребила физичка сила врз него откако го приведе.

Полицијата во неделата уапси повеќе од 30 учесници на протестот, пренесува Интерпресњуз.
Уапсен е и поранешниот градоначалник на Тбилиси, Ѓорѓи Угулава. Протестот го обезбедуваа голем број полицајци. Снимател на ТВ Пирвели е повреден додека снимаше судир меѓу полицијата и активистите. Грузиското Министерство за внатрешни работи претходно вчера ги предупреди демонстрантите дека блокирањето на автопатот е кривично дело.

Грузијците се собираат секоја вечер од ноември, кога владејачката партија Грузиски сон објави дека ги прекинува преговорите за пристапување на Грузија во ЕУ до 2028 година, пренесува Танјуг.

 

Photo: Wikipedia

Слични содржини