Трамп се заканува: Царини за ЕУ поради „грабеж“ на САД

од Aneta Risteska
19 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД наскоро ќе воведат царини на производи увезени од Европската унија, а не ја исклучи можноста за слични мерки и против Велика Британија.

„Тие не ги купуваат нашите автомобили, не ги купуваат нашите земјоделски производи. Не купуваат речиси ништо, а ние увезуваме сè – милиони автомобили, огромни количини храна и земјоделски производи“, истакна Трамп.

На прашањето од Би-Би-Си дали постои рок за воведување царини кон ЕУ, Трамп одговори дека нема конкретен временски период, но дека тоа ќе се случи „доста брзо“.

„Практично сите земји во светот ја ограбуваат Америка. Имаме дефицити со речиси секоја земја – не баш со секоја, но со речиси секоја, и ќе го промениме тоа. Тоа е неправедно“, нагласи Трамп.

Според него, САД засега не размислуваат за воведување царини на производи увезени од Велика Британија, но не е сигурен како ќе се развива ситуацијата.

„Ќе видиме што ќе се случи. Можеби тоа ќе се случи (со Британија).Но, дефинитивно ќе се случи со ЕУ. Тоа можам да ви го кажам, бидејќи тие навистина не искористуваат – знаете, имаме дефицит поголем од 300 милијарди долари“, рече Трамп.

Тој додаде дека Велика Британија „не се однесува соодветно“, но „работите би можеле да се израмнат“.

Трамп истакна дека имал голем број средби и телефонски разговори со британските премиери.

Слични содржини