Макрон: Европа нема да толерира економска агресија!

од Aneta Risteska
21 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон  реагираше на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увезените стоки од ЕУ, пренесоа француските медиуми.
Тој изјави дека Европа ќе мора да се погрижи другите да ја почитуваат доколку се загрозени нејзините економски интереси.

„Ако нашите трговски интереси бидат нападнати, како сила која има свои сопствени, Европа ќе мора да се погрижи другите да ја почитуваат и затоа да реагира“, рече тој по пристигнувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел посветен на одбраната, пренесува францускиот портал „20 минути“.

Макрон додаде дека неодамнешните изјави од САД ја охрабруваат Европа да биде посилна и пообединета, наведува Ројтерс.

„Како што Ковид и руската агресија во Украина беа повик за будење за Европа, она што се случува… со одлуките и изјавите на новата администрација на претседателот Доналд Трамп ја охрабрува ЕУ да биде пообединета и поактивна во одговорот на колективните безбедносни прашања“, заклучи претседател на Франција, пренесува Танјуг.

Слични содржини