Бил Гејтс: Илон Маск беше злобен кон мене, но ќе соработувам со него

од Aneta Risteska
16 прегледи

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, изјави дека извршниот директор на Tesla и SpaceX, Илон Маск, бил „злобен“ кон него, но дека и понатаму сака да соработува со него.

Бил Гејтс за „Индипендент“ изјави дека Маск понекогаш бил добар со него, а понекогаш злобен, но дека ќе се обиде да работи со него – бидејќи Маск е „брилијантен, богат, влијателен“.

Гејтс, исто така, рече дека е изненаден кога видел колку истакнати личности од Силиконската долина го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп.

Маск (53) стана најбогатиот човек на светот во 2021 година

Слични содржини