Стотици мексикански војници и војници на Националната гарда беа мобилизирани и распоредени синоќа долж границата со САД како дел од договорот со кој привремено се суспендираат американските царини за увоз од Мексико на еден месец, доколку латиноамериканската земја преземе чекори за борба против нелегалната трговија со фентанил.
Мексиканскиот воен персонал ќе биде распореден долж границата на места со високи стапки на илегална миграција, дрога и оружје, вклучително и во пограничните мексикански држави Долна Калифорнија, Сонора и Тамаулипас, соопштија воени и владини претставници.
Планот за можно распоредување на околу 10.000 мексикански војници е дел од договорот објавен на почетокот на неделава, според кој американскиот претседател Доналд Трамп привремено го одложи наметнувањето царина од 25 отсто на мексиканскиот увоз за еден месец.
Мексико се закани дека ќе воведе соодветни тарифи.