ПОВЕЌЕ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА: Овој град во Германија мора да им ги врати парите на граѓаните

од Илинка Илиоска
13 прегледи

Градот Касел мора да врати над 10 милиони евра на граѓаните, поточно на 10.000 погодени жители.

Ова се пари за изградба на патишта, кои требаше да ги платат и граѓаните. Но, сега управниот суд во Хесен го прогласи за неважечки статутот за придонеси за патишта во Касел.

Тоа значи дека Градот сега мора целосно да плати за реконструкција на околу 100 улици. Севкупно, градското собрание во Касел треба да врати повеќе од 10 милиони евра на околу 10.000 погодени жители.

Градот покрива 50 отсто од трошоците за изградба на патишта – повеќе отколку што требаше да плати според законот за општински даноци во Хесен. И ова сега стана пропаст на градот, бидејќи неговите статути се прогласени за неважечки.

Сега градот Касел треба да ги покрие сите трошоци и да ги обештети жителите.

Слични содржини