Девојка со нож избоде три лица во Софија

од Aneta Risteska
18 прегледи

Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.

Девојката, како што пишуваат бугарските медиуми, е уапсена.

Очевидци тврдат дека таа со голем нож нападнала тројца минувачи во Саут Парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“, додавајќи дека насекаде имало многу крв. Еден од нападнатите, на возраст од 21 година, бил прободен со нож во слезината и веќе бил опериран. Според порталот BNT News тој е во тешка состојба.

Друг маж, на возраст од 51 година, бил прободен со нож во градите и бил примен во болница за лекување на раните. Неговиот живот не е во опасност. „Новини“ пренесува дека на дотичната девојка претходно и била констатирана тешка психијатриска болест, дека била на лекување, дека пред неколку месеци била отпуштена, а за неа се грижи нејзината мајка.

Слични содржини