Рускиот истражен комитет примил седум пати повеќе жалби против мигранти во 2024 година

од Aneta Risteska
10 прегледи

Бројот на поплаки за мигранти што ги примил рускиот Истражен комитет се зголемил за седум пати во текот на изминатата година, изјави денеска претседателот на Комитетот, Александар Бастрикин.

Според него, врз основа на резултатите од минатата година, до Истражниот комитет биле поднесени 701 жалба за мигранти, наспроти 95 претставки во претходната година, пренесе РИА Новости.

Бастрикин рече дека поднесените жалби се „внимателно проверени и потоа се преземени потребните мерки“.

Шефот на Истражниот комитет повика миграциските процеси во Русија да бидат ставени под строга државна контрола, пренесува Танјуг.

 

Слични содржини