Едно лице е уапсено поради сомнение за неовластен компјутерски пристап до банка во земја на Европската унија, при што биле загрозени податоците на над 300.000 банкарски картички, пренесува Kallxo. Ова го соопшти косовската полиција во соопштение за медиумите на 05.02.2025 година.
Полицијата соопшти дека во соработка со државниот обвинител на Република Косово и властите на една земја од ЕУ, развиле успешна истражна акција во Приштина и во Феризај.
„По неколкумесечна истрага, уапсено е лице осомничено за неовластен компјутерски пристап до банка во земја од ЕУ. Оваа акција резултираше со компромитирање на податоците на над 300.000 банкарски картички, причинувајќи значителна штета“, се вели во соопштението на косовската полиција.
Според полицијата, лицето се сомничи дека ги објавило за продажба овие податоци на онлајн платформа за незаконски бенефиции.
„При извршување на контролната акција одземени се четири компјутери, три телефони, УСБ и важни документи“ – се нагласува во соопштението на Полицијата.
По наредба на обвинител на уапсениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа. Според полицијата, во координација со надлежните во тек се и други увиди за целосно расчистување на случајот.