Драма на граница: еден загинат, 15 уапсени при обид за влез во Канада

од Aneta Risteska
28 прегледи

Едно лице загина, а 15 беа уапсени додека се обидувале да влезат во Канада од САД во три одделни инциденти во текот на последните неколку недели, соопшти канадската полиција.

Во соопштението се наведува дека маж, државјанин на САД, починал од повреди што самиот си ги нанел со огнено оружје додека бил во бегство од полицијата.

Се истакнува дека лицата од различни националности не биле подготвени за суровата канадска зима и дека кај нив не бил пронајден фентанил, пренесе Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот ја суспендираше најавената царина од 25% на увозот на стоки од Канада и Мексико.

Канадскиот премиер Џастин Трудо обезбеди суспензија на царините по разговорите со Трамп за зајакнување на персоналот долж канадско-американската граница, како и за иницирање заеднички напори во борбата против организираниот криминал, шверцот на фентанил и перењето пари, пренесе Танјуг.

Слични содржини