Нова трагедија ја потресе Македонија – камион прегази пешак и го усмрти

од VIktor_P
2,5K прегледи

Уште една трагедија ја потресе Македонија кога во текот на вчерашниот ден, во 15 часот и 35 минути, во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Т.С. од Богданци, удрило во пешак.

Се работи за 46-годишниот Д.Т.од село Ангелци, струмичко, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна за жал починал.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки телото на починатиот било дадено на обдукција.