Населба во Калифорнија се поместува сѐ поблиску кон Тихиот Океан

од Milan1
16 прегледи

Aмериканската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА соопшти дека населените делови од полуостровот Палос Вердес во Јужна Калифорнија се поместува надолу и поблиску до Тихиот Океан.

Полуостровот е познат по свлечиштата со десетлетија. Но, радарските снимки неодамна открија дека на ова место во Округот Лос Анџелес пред неколку месеци му се случувало лизгање на земјиштето во просек од околу 10 сантиметри неделно, според НАСА. Мерењето е извршено меѓу 18. септември и 17 октомври 2024 година.

Тоа може да им се припише на рекордните врнежи во Јужна Калифорнија во 2023. и обилните врнежи во почетокот на 2024 година, според Александар Хендвергер, стручњак за свлечишта од Истражувачката лабораторија на НАСА во Калифорнија.

– Свлечиштето се прошири и забрза минатото лето, привлекувајќи внимание на населената област којашто не се движела во историјата… Таа брзина е повеќе од доволна за да ги доведе човечкиот живот и инфраструктурата во опасност, изјави Хендвергер за „Еј-би-си њуз“ (ABC News).

Но, смирувачки уверува дека по мерењето, лизгањето на земјиштето оттогаш малку забавило.

Слични содржини