Фон дер Лајен: Меѓународниот кривичен суд гарантира одговорност за меѓународните злосторства

од Aneta Risteska
10 прегледи

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) гарантира одговорност за меѓународните злосторства и им дава глас на жртвите ширум светот.

Фон дер Лајен напиша на платформата „X“ дека МКС мора да има слобода да ја продолжи борбата против глобалната неодговорност.

Таа рече и дека Европа секогаш ќе ја поддржува правдата и ќе го почитува меѓународното право.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се санкционира МКС во Хаг за напади врз САД и нивните сојузници, како Израел, пренесува Танјуг.

Слични содржини