33
Владата на Обединетото Кралство денеска ги објави плановите за рушење на остатоците од лондонската кула Гренфел, речиси осум години по пожарот таму каде загинаа 72 лица.
Семејствата на жртвите ја критикуваа одлуката бидејќи сакаа да ги зачуваат урнатините на зградата како спомен на загинатите.
Сепак, владата рече дека обновувањето на локацијата ќе и помогне на заедницата да „заздрави“, пренесува Бета-АП.
„Кулата Гренфел ќе биде внимателно демонтирана“, се вели во соопштението на владата.
Јавната истрага за катастрофата заклучи дека децениските неуспеси на владата и индустријата се „одговорни за несреќата“.