Олаф Шолц: Санкциите на Трамп за Меѓународниот кривичен суд се погрешна одлука

од Aneta Risteska
31 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја оцени денеска како „погрешна“ одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд (МКС).

„Санкциите (кон МКС) се погрешна алатка. Тие ја загрозуваат институцијата која треба да обезбеди диктаторите на овој свет да не можат едноставно да ги прогонуваат луѓето и да започнуваат војни, а тоа е многу важно“, рече Шолц на предизборниот собир во пресрет на вонредните избори закажани за 23 февруари, пренесува Дојче веле.

Германскиот канцелар го отфрли и предлогот на Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа.

Слични содржини