Доналд Трамп: Имав телефонски разговор со Путин за ставање крај на војната во Украина

од Aneta Risteska
41 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната во Украина, објави Њујорк пост.

Трамп за весникот изјави дека Путин сака да го запре страдањето на луѓето во војната во Украина. Тој исто така истакна дека отсекогаш имал добри односи со Путин и дека има конкретен план за завршување на војната, но не откри дополнителни детали.

Во интервјуто што го даде во петокот на „Ер Форс 1“, Трамп, на новинарско прашање колку пати разговарал со неговиот руски колега, одговори дека е „подобро да не се каже“, објави Ројтерс. Да потсетиме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кон крајот на јануари изјави дека Путин е подготвен да има телефонски разговор со Трамп и дека Москва чека вести од Вашингтон дека и тој е подготвен.

Трамп, исто така, во петокот рече дека најверојатно наскоро ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за завршување на војната во Украина.

Слични содржини