Австралиската влада ќе се обиде да ги убеди САД да ја исклучат Австралија од групата земји кои ќе подлежат на царини за извоз на алуминиум и челик, изјави денеска премиерот Ентони Албанес пред австралискиот парламент.
Австралискиот министер за трговија Дон Фарел изјави дека извозот на австралиски челик и алуминиум во Америка обезбедува „добро платени американски работни места“ и се клучни за заедничките одбранбени интереси, пренесува Ројтерс.
Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс во петокот во Вашингтон се сретна со неговиот американски колега Пит Хегсет во врска со договорот за првата исплата од 500 милиони долари за набавка на американски подморници.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планира денеска да ја објави својата одлука за царина од 25 отсто за странски увоз на челик и алуминиум во САД, пренесува Танјуг.