Американците го отвориле и останале шокирани од мистериозниот кинески балон

од Milan1
47 прегледи

Американците го отвориле кинескиот балон и останале шокирани кога виделе што има внатре! Кинескиот шпионски балон, кој во 2023 година прелета над Соединетите Држави, бил полн со американска технологија дизајнирана за шпионирање на Американците, според два извори со директно познавање на техничката анализа спроведена од американската војска.

Откривањето на сателитски комуникациски модул, сензори и други технологии од најмалку пет американски компании во кинескиот балон, како што објави „Нузвик“, го истакнува неуспехот на американските напори да го ограничат извозот на технологии со потенцијална воена примена кон нивниот главен ривал Кина, како и кон земји како Русија и Иран, сојузници на Пекинг.

Ова истовремено го отвора прашањето за улогата на приватните компании што ја продаваат својата опрема на глобално ниво во одржувањето контрола врз крајните корисници на технологијата со двојна употреба, која може да има и воено-одбранбени и цивилни примени.

Кинески патент анализиран од „Њузвик“ опишува комуникациски систем токму за ваков тип балон што прелетал над САД. Системот користи сателитски примопредавател од американска компанија, кој кинеските контролори на балони би го употребувале за комуникација и пренос на податоци. Овие податоци се лесно достапни на интернет.

Што се случи со кинескиот шпионски балон?

Џиновски бел балон на голема надморска височина влезе во воздушниот простор на САД преку Алјаска во јануари 2023 година, лебдејќи над Канада и американскиот Среден Запад. Овој инцидент предизвика огромно внимание во јавноста пред балонот да биде соборен од борбен авион Ф-22 во близина на брегот на Јужна Каролина на 4 февруари.

Се проценува дека балонот бил висок околу 60 метри, со темна висечка рамка со дијаметар од најмалку девет метри. Рамката содржела техничка носивост долга приближно три метри, вклучувајќи софистицирана опрема за надзор, дел од која бил сместен во пренослив рачен фрижидер, според извори на „Њузвик“.

Пекинг тогаш објави дека станува збор за метеоролошки балон, кој бил однесен од курсот поради силните ветрови, обвинувајќи ги САД за претерана реакција.

Што е пронајдено во кинескиот шпионски балон?

Сепак, техничката носивост му овозможувала на балонот да врши набљудување, фотографирање и собирање разузнавачки податоци.

Балонот можел да носи и радио-контролирани едрилици за детално собирање информации, бидејќи имал доволен простор за складирање. Кинеските научници, според документи за вселенски истражувања прегледани од „Њузвик, развиле едрилици кои се користат заедно со вакви балони.

Анализата на пронајдените делови од шпионскиот балон како и од уште два други балони чии остатоци биле собрани на друго место била спроведена од Националниот центар за воздушно-вселенско разузнавање во Охајо.

За што Кина го користела шпионскиот балон?

Кинеската академија на науките (CAS) во Пекинг не одговорила на барањето за коментар, а кинеската амбасада во Вашингтон одбила да одговори на прашањата за тоа дали балонот користел американска технологија. Наместо тоа, го повториле тврдењето дека балонот случајно слетал во САД.

Портпаролот Лиу Пенгју изјавил преку е-пошта:

„Залутан кинески цивилен дрон во воздушниот простор на САД беше несреќа предизвикана од виша сила. Балонот, кој се користеше за метеоролошки истражувања, ненамерно влезе во САД.”

Балонот што прелета над САД во 2023 година не бил единствен, а соседните земји на Кина пријавиле зголемена активност на слични летала.

Еден извор открил дека техничкиот товар на балонот вклучувал обичен, евтин пренослив фрижидер, истиот вид што може да се купи на бензинска пумпа.

„Но, тоа е паметен уред, лесен е, лебди и ги одржува работите суви,” рекол изворот, додавајќи дека во него биле пронајдени хард дискови со собрани податоци, вклучително и фотографии.

Слични содржини