Експлозија на балкон во Бон, полицијата трага по сторителите

од Aneta Risteska
9 прегледи

Голема материјална штета е предизвикана денеска кога непознати лица фрлиле експлозивен предмет на балкон на една станбена зграда во Бон.

Сите жители на зградата се евакуирани, и никој не е повреден. Полицијата трага по сторителите, објавува весникот “Билд”.

„Местото на настанот е обезбедено, а потрагата по осомничените веднаш е започната, со поддршка на хеликоптер“, изјави портпаролот на полицијата.

Форензичкиот тим извршил увид на местото на настанот утринава, но мотивот за нападот сè уште не е познат, пренесува Танјуг.

Во Северна Рајна-Вестфалија во изминатите месеци се случиле повеќе експлозии поврзани со криминални групи, но полицијата засега нема докази дека овој инцидент е поврзан со претходните случаи, пренесува Танјуг.

Слични содржини