7
Бројот на починати од ебола во Уганда се искачи на девет, соопшти Министерството за здравство на земјата, пренесува Ројтерс.
Претходниот биланс на загинати, наводно, бил три. Со цел да се спречи ширењето на болеста во градот Кампала, тим од научници од почетокот на месецот работи на планираното одобрение за употреба на повеќе од 2.000 дози од вакцината против суданскиот вид ебола, пренесува Танјуг.
За време на епидемискиот период на оваа болест што ја зафати Западна Африка од 2014 до 2016 година, починаа повеќе од 11.000 заразени луѓе.