Макрон и Моди во Марсеј на зајакнување на француско-индиското партнерство

од Aneta Risteska
17 прегледи

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска го дочекува индискиот премиер Нарендра Моди во Марсеј, во знак на прослава и зајакнување на партнерството што ги обединува двете земји.

Врвот на посетата ќе биде заминувањето на градилиштето на експерименталниот нуклеарен фузион реактор Итер во Сан-Пол-ле-Дуранс, во близина на нуклеарната локација ЦЕА во Кадараш, пренесува „Фигаро“.

Овој меѓународен проект, чија цел е револуција во производството на енергија, вклучува и Индија, пренесува Танјуг.

Двете земји би можеле да ја искористат посетата за да ги разјаснат плановите за нова соработка во областа на цивилната нуклеарна енергија, особено на малите модуларни реактори (SMR).

Пред тоа, двајцата лидери треба да оддадат почит на индиските војници кои загинаа во Франција за време на Првата светска војна, на воениот гробишта Мазарг, јужно од Марсеј, и свечено да го отворат новиот генерален конзулат на Индија.

Исто така, тие ќе го посетат седиштето на глобалниот бродски гигант ЦМА ЦГМ во пристаништето на Марсеј.

Се очекува да разговараат и за коридорот Имек, кој ги поврзува Европа и Индија преку Блискиот Исток. Овој коридор е „неверојатен катализатор“, изјави Макрон вчера на затворањето на француско-индискиот бизнис форум.

„Ќе мобилизираме конкретни проекти и инвестиции“, истакна тој.

Париз, исто така, се надева дека ќе постигне напредок во преговорите со Њу Делхи за набавка на француски борбени авиони Рафал и подморници Скорпен, во вредност од неколку милијарди евра.

Слични содржини