Заедничка борба: Орбан и Вајдел против Брисел

од Aneta Risteska
45 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја пречека лидерката на германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (AfD), Алиса Вајдел, како сојузник кој може да помогне да се отстрани „чизмата“ на Брисел од градите на Унгарија.

Ова го изјави на средба во Будимпешта, на неполни две недели пред изборите во Германија.

Вајдел, пак, ја пофали Унгарија, која увезува руски гас, за нејзината „разумна“ енергетска политика и антиимигрантскиот став и противењето на Орбан за вооружување на Украина.

Посетата е пресуден момент за АфД, која е втора во анкетите зад конзервативците, пред гласањето на 23 февруари, пренесува Ројтерс.

Досега европските лидери ја избегнуваа партијата, па дури и колегите на екстремно десничарските лидери како Французинката Марин Ле Пен се држат на дистанца, додава агенцијата.

„Бев претпазлив со АфД“, рече Орбан, објаснувајќи дека не сака да ризикува да ги расипува врските со германските влади и додаде дека тоа се менува и дека е сосема јасно дека АфД е иднината.

Вајдел и Орбан се согласија за неколку клучни прашања, вклучително и противење на вооружувањето на Украина за да се одбрани од Русија како поддршка на мирот, додека Орбан рече дека АфД еден ден ќе помогне да се ослободи Унгарија од барањата на Германија и Брисел да прими мигранти.

„Досега имавме две „чизми на градите“: бриселските прогресивци и американската либерална администрација. Едната беше отстранета“, рече Орбан.

Агенцијата наведува дека имало и длабоки разлики.

Вајдел рече дека ја поддржува економската „слобода“ во форма на пониски даноци и мала држава, што е во спротивност со поинтервенционистичкиот економски модел на Орбан.

Вајдел, која со својот сопруг одгледува две деца, рече дека семејниот живот е лична работа каде што државата не припаѓа, што е во спротивност со ставот на Орбан дека бракот мора да биде меѓу маж и жена, пренесува Танјуг.

Слични содржини