Велика Британија ќе испрати воена помош во вредност од 187 милиони долари за Украина.
Беспилотни летала, тенкови и системи за противвоздушна одбрана ќе бидат испратени од Обединетото Кралство во Украина, беше соопштено денеска на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Во Брисел денеска се одржува состанок на кој официјални лица разговараат за доделување воена помош за Украина, пренесува Танјуг.