Масуд Пезешкијан: Иран ќе изгради нови нуклеарни центри доколку непријателот ги нападне постоечките

од Aneta Risteska
33 прегледи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави денеска дека непријателите на Техеран можеби ќе можат да ги нападнат нуклеарните постројки на земјата, но не можат да му ја одземат можноста да изгради нови.

Пезешкијан ги даде забелешките откако Вашингтон пост објави дека американските разузнавачки агенции веруваат дека Израел најверојатно ќе изврши превентивен напад врз иранската нуклеарна програма до средината на годината.

Во исто време, командантот на конвенционалните воздушни сили на Иран, Хамид Вахеди, им порача на сите земји, пријатели и непријатели, дека доктрината на Иран е одбранбена, но дека ќе одговори со сила на секој непријателски напад, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја покрена можноста Израел да го нападне Иран во интервју за Фокс њуз во понеделникот, велејќи дека повеќе би сакал да склучи договор со Иран што ќе го спречи да добие нуклеарно оружје.

„Сите мислат дека Израел со наша помош или наше одобрение ќе влезе и ќе ги бомбардира. Претпочитам тоа да не се случи“, рече Трамп, пренесува Танјуг.

Слични содржини