Руската агресија не смее да биде наградена – пристигна реакција на ЕУ за договорот Путин-Трамп

од Aneta Risteska
27 прегледи

„Ништо за Украина без Украина и праведен и траен мир мора да ја вклучи Украина“, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Пола Пињо.

„Да резимираме, ништо за Украина без Украина, знаеме дека секој праведен и траен мир мора да ја вклучи Украина“, рече Пињо на прес-конференција.

Таа нагласи дека безбедноста на Украина е безбедност и на ЕУ и дека Унијата инсистира на позицијата за независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина.

По телефонскиот разговор меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, според кој се чини дека ќе преговараат за мир во Украина без Украина и без Европската унија, овој потег во Европа се повеќе се споредува со Минхенскиот договор од 1938 година, кога Западот дозволи поделба на Чехословачка и му ја отстапи Судетската област на Хитлер, надевајќи се дека тоа ќе го смири.

Портпаролката за надворешна политика Анита Хипер додаде дека агресијата не смее да се наградува и дека секој мир мора да биде одржлив бидејќи лошиот договор води до нова војна.

„Важно е да се има предвид дека Русија е агресорот овде и не може да биде награден за агресија, а кога станува збор за какви било мировни договори, тие мора да бидат одржливи; лошиот договор ќе доведе до нова војна“, рече Хипер.

Слични содржини