На Минхенската безбедносна конференција нема да има руска делегација, потврди денеска портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, бидејќи „Русија не беше поканета“, изјави таа.
Захарова рече дека конференцијата се променила со текот на годините и станала настан за поддршка на „режимот во Киев“, објави Ројтерс.
Според неа, Минхенската безбедносна конференција е настан кој е вклучен во спроведувањето на безбедносните политики кои се деструктивни за безбедноста на Европа.
61. Минхенска безбедносна конференција (МСЦ) започна денеска и ќе трае до 16 февруари во главниот град на Баварија, јави Танјуг.
Во хотелот Bayerischer Hof во Минхен, светските лидери, креатори на политики и експерти се собраа да разговараат за итни безбедносни прашања, како што се тековната војна на Русија против Украина, кризата во Газа и променливата динамика на меѓународните сојузи.