Бројот на повредените во Минхен се искачи на 36 лица

од Aneta Risteska
48 прегледи

Бројот на повредени во нападот во Минхен што се случи во четвртокот кога авганистански државјанин намерно влетал со возило во толпа луѓе се искачи на 36.

Меѓу повредените има и двегодишно дете чиј живот е во опасност, пренесува Билд.

Осомничениот Фархад Н. призна дека намерно влетал со својот автомобил врз демонстрантите во Минхен, а надлежните органи утврдиле дека злосторството имало исламистичка позадина.

Таа додаде дека нема докази дека осомничениот е поврзан со терористички организации како што е Исламската држава, пренесува Танјуг.

Напаѓачот кој со својот автомобил влетал во демонстрантите на улица во Минхен е идентификуван како Фархад Н., 24-годишен Авганистанец кој дошол во Германија во 2016 година да побара азил, што му било одбиено, но минатата година добил дозвола за престој.

Како што пренесува германски Билд, тој е роден во 2001 година во Кабул, Авганистан, а од неодамна живее во областа Лимес во Минхен, пренесува Танјуг.