Писториус: Грешка е да се остави Украина без разговори за членство во НАТО

од Aneta Risteska
50 прегледи

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, денеска изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, направил грешка со тоа што ѝ дал на Украина до знаење дека во овој момент нема да има преговори за пристапување на земјата во пактот за НАТО и дека нема да има гаранции за територијални отстапки, но дека барањето на американската администрација Европа да преземе поголем дел од својот одбранбен товар е праведно.

Писториус, по пристигнувањето на безбедносната конференција во Минхен, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „не мрднал ниту милиметар“ на неговата преговарачка позиција за конфликтот во Украина, па затоа не е во интерес на другата страна да го стори тоа, пренесе Ројтерс.

„Мислам дека беше несмасно“, рече Писториус, коментирајќи ги потезите на американската администрација.

Тој додаде дека „би било многу подобро“ да се разговара за можното членство на Украина во НАТО, а на преговарачка маса се и „територијални промени“, пренесува Танјуг.