(ВИДЕО) Левица: Ристески од ДПМНЕ со навреди и пцовки за време на излагање на пратеникот Мециновиќ

од Milan1
173 прегледи

Од партијата Левица обвинија дека пратеникот Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, во Собранието, употребувал пцовки и навреди за време на обраќањето на пратеникот Амар Мециновиќ.

– Од кој јас барам Етички кодекс?! Јас барам интерпретација за Етички кодекс – тој ми вика ‘ѓубре’. Значи ова се генијалци! Работата е, пратениците мнозинството, велат дека ние сме го прекршиле Етичкиот кодекс. Не сме ги консултирале за законот за патните трошоци за да им одговара. Од друга страна велат нема консензус со нас… И сега, од нивната фрустрација произлегува нивната потреба да нѐ пцујат по ходници.

Затоа, почитуван претседателе, сакам да дадеме мислење по однос на Етичкиот кодекс. Дале е правилно да не се консултираме при поднесување закони? И дали е правилно тие да нѐ пцујат по ходници заради таа наша неконструктивност?“, изјави Мециновиќ.

Слични содржини