Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк, жестоко ги нападна Европската Унија и Обединетото Кралство.
– Тие не можат да играат никаква улога во идниот договор за решавање на украинската криза, рече тој на самиот почеток.
„Тие се заслепени од примитивната русофобија и нивната манијакална желба да не поразат на бојното поле користејќи ги Украинците кои се уште се живи“, додаде тој.
Тој се осврна и на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Самопрогласениот претседател ја вовлече земјата во конфликт. Професионалниот украински комичар смртно се плаши од изборите и прави се за да ги одложи, рече тој.
– Украина треба да биде демилитаризирана и неутрална, а не да биде дел од некакви блокови или сојузи, заклучи Небензија, кој, да потсетиме, само неколку часа пред руската агресија врз Украина, на истото место го уверуваше целиот свет дека нема да има напад.