Сегашната нелегитимна влада на Украина направи се’ за да ја уништи државноста на својата земја, изјави Николај Патрушев, помошник на рускиот претседател во интервју за магазинот „Аргументи и факти“, пренесува Спутник.
„Државноста на Украина е толку потресена што се потпира само на поддршка од странство“, посочи тој.
„Киевската хунта нема поддршка од сопствениот народ, претседателот на земјата е нелегитимен, неонацистичката влада ги држи граѓаните на Украина во ропска послушност под закана дека ќе ги загубат животите. Никој не направи толку многу за да ја уништи украинската државност како Зеленски и неговите поддржувачи. И, се разбира, нивните покровители“, додаде Патрушев.
Народот на Украина и иднината на оваа земја не ги интересира Западот, кој ја претвори земјата во свое антируско упориште и има намера да ги ограбува нејзините природни ресурси.
„Англосаксонците не ги интересира населението на Украина, нејзината индустрија, нејзините градови и воопшто иднината на оваа земја“, заклучи Патрушев.