Дали Брисел ќе го истражува прислушувањето на новинари и активисти на невладини организации во Италија?

од Aneta Risteska
45 прегледи

Скандал со шпионски софтвер се повеќе ја тресе Италија, откако се појавија откритија дека новинари, активисти и невладини организации се цел на израелските алатки за надзор, што предизвика жестока политичка реакција. Владата ги негира обвинувањата за прислушување, а опозицијата го повикува Брисел да спроведе истрага.

„Ова е еден од најсериозните напади врз владеењето на правото во Европа“, рече Сандро Руотоло, член на Демократската партија во Европскиот парламент кој организираше прес-конференција во Стразбур на која се разговараше за прислушувањето на Европејците со израелски шпионски софтвер.

„Испративме писмо, потпишано од опозициските сили во Италија, до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецоли, во кое повикуваме да се формира истражен комитет“, рече Руотоло, според Еуроактив, нагласувајќи дека ова не е само италијанска работа.

„Сакаме да знаеме кои земји незаконски ги шпионирале своите граѓани, зошто и како можеме да ги заштитиме европските граѓани“, додаде Руотоло, истакнувајќи дека европскиот комесар за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен се очекува денеска да присуствува на сослушувањето во Комитетот за граѓански слободи на ЕП (LIBE), каде што ќе го покрене ова прашање.

За шпионирање предупредила компанијата Мета на Илон Маск.

Контроверзноста се врти околу Paragon Solutions, израелската компанија која стои зад напредниот шпионски софтвер „Графит“. Додека Paragon тврди дека ја продава својата технологија исклучиво на „одбрана група глобални демократии, првенствено САД и нивните сојузници“, израелскиот весник Хаарец објави дека италијанските клиенти се „два посебни ентитети: агенција за спроведување на законот и разузнавачка организација“.